Аутомакедонија, во периодот јануари – септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 18.551.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во текот на истиот период лани, добивката на компанијата беше на ниво од 17.326.000 денари.
“Добивката пред оданочување во 2019 година за првите три квартали е зголемена за 11%, додека нето финансискиот резултат во 2019 година за првите три квартали е зголемен за 7% во однос на истиот период од 2018н година, со директен ефект од зголемените приходи и контролирано зголемување на трошоците“, стои во Образложението за презентираните финансиски извештаи.
Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември оваа година, беа на ниво од 445.357.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 405.590.000 денари.
Фото: Pexels