Девизните резерви во февруари намалени за 16 милиони евра

19

Вкупните девизни резерви, заклучно 29-ти февруари оваа година, достигнаа ниво од 3.084.520.000 евра, што е за 16 милиони евра помалку во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народна банка.

На крајот на февруари лани, вкупните девизни резерви изнесуваа 2.846.290.000 евра.

Најголем дел од резервите зафаќаат хартиите од вредност, коишто на крајот на февруари изнесуваа 2.502.650.000 евра, а еден месец претходно изнесуваа 2.481.740.000 евра.

Валутите и депозитите во февруари беа 250.690.000 евра, еден месец претходно 298.120.000 евра, додека во февруари лани се позиционираа на 333.750.000 евра.

Монетарното злато во февруари изнесуваше 328,6 милиони евра, што е за 10,7 милиони евра повеќе во однос претходниот месец кога беше 317.900.000 евра.

Фото: Pexels