Девизните резерви во јуни намалени за 48,6 милиони евра

10

evra-kolicka

Фото: Pixabay

Вкупните девизни резерви заклучно со 30-ти јуни оваа година достигнаа вредност од 2.399.900.000 евра или за 48,6 милиони евра помалку во споредба со претходниот месец (2.448.500.000 евра), покажуваат податоците на Народна банка на Република Македонија.

На крајот на јуни минатата година, вкупните државни девизни резерви изнесуваа 2.158.800.000 евра, што е за 241,1 милиони евра помалку во споредба со јуни оваа година.

Најголем дел од државните резерви отпаѓаат на хартии од вредност, чие салдо заклучно со 30.06.2017 година изнесува 1.782.300.000 евра. Анализирано со еден месец претходно, хартиите од вредност се намалени за 45,1 милиони евра, а се повисоки за 128,4 милиони евра во однос на јуни минатата година.

Валутите и депозитите на крајот на јуни имаа вредност од 372.100.000 евра или 5,8 милиони евра повеќе во однос на мај 2017 година, додека во однос на јуни 2016 година се забележува зголемување од 131,9 милиони евра.

Монетарното злато во јуни вредеше 241.100.000 евра што претставува намалување од 9,2 милиони евра во споредба со претходниот месец. Заклучно со 30.06.2016 година, државното злато имаше вредност од 259.900.000 евра.