Девизните резерви во јуни намалени за 73,7 милиони евра

10

Вкупните девизни резерви заклучни со јуни се во вредност од 2.254.800.000 евра, што е за 73,7 милиони евра помалку во однос на претходниот месец, кога резервите беа на ниво од 2.328.500.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

Во однос на истиот период лани, кај салдото на вкупните девизни резерви има зголемување од 381.800.000 евра.

Вкупното монетарно злато, со коешто располага Македонија, е во висина од 230.800.000 евра или 7.900.000 евра помалку во однос на претходниот месец, кога монетарното злато вредеше 238.700.000 евра. Во споредба со истиот период лани, забележано е зголемување на оваа ставка за 20.500.000 евра.

Крајното салдо на валутите и депозитите на крајот на јуни е 213.900.000 евра, што е пад од 34.000.000 евра со споредба со претходниот месец (247.900.000 евра). Намалување од 49.500.000 евра се забележува во однос на валутите и депозитите на крајот на јуни 2014 година.

Вкупниот обем на хартии од вредност е 1.805.400.000 евра, што во споредба со мај оваа година (1.837.100.000 евра), е пад од 31.700.000 евра. Зголемување од 410.100.000 евра има во споредба со истиот период лани, кога вкупната вредност на хартиите од вредност била 1.395.300.000 евра.