Девизните резерви во октомври поголеми за 139,7 милиони евра

26

Вкупните девизни резерви на крајот на октомври оваа година достигнаа ниво од 3.267.200.000 евра, односно 139,7 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народна банка.

На крајот на октомври лани, вкупните девизни резерви изнесуваа 275.759.400.000 евра.

Хартиите од вредност , што зафаќаат најголем дел од вкупните девизни резерви, на крајот на октомври имаа вредност од 2.418.300.000 евра или 19,4 милиони евра повеќе во споредба со претходниот месец. На крајот на октомври лани, хартиите од вредност во сопственост на монетарните власти изнесуваа 2.116.000.000 евра.

Хартиите од вредност, заклучно 31-ви октомври оваа година, беа на ниво од 545.000.000 евра, што е за 112 милиони повеќе во однос на претходниот месец (423.900.000 евра).

Монетарното злато на крајот на минатиот месец имаше вредност од 300.800.000 евра или 900.000 евра помалку во однос на септември (301.700.000 евра).

Фото: Pixabay