Девизните резерви во октомври повисоки за 60,7 милиони евра

38

Вкупните официјални девизни резерви, на крајот на октомври оваа година, достигнаа ниво од 3.540.900.000 евра или 60,7 милиони евра повеќе во споредба со претходниот месец, кога изнесуваа 3.480.210.000 евра, покажуваат податоците на Народна банка.

На крајот на октомври лани, вкупните девизни резерви изнесуваа 3.267.130.000 евра.

Најголем дел од девизните резерви, опфаќаат хартиите од вредност, чие ниво заклучно октомври беше 2.712.510.000 евра или 58,3 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец.

Валутите и депозитите имаа вредност од 472.050.000 евра, еден месец претходно беа на ниво од 468.390.000 евра.

Монетарното злато во земјава, во октомври, беше 355.220.000 евра, што е за 1,3 милиони евра помалку во споредба со септември.

Фото: Freepik