Девизните резерви во октомври зголемени за 29,5 милиони евра

14

evra-pixabay-1

Фото: Pixabay

Вкупните девизни резерви, заклучно со 31-ви октомври оваа година, имаа вредност од 2.300.960.000 евра, што е за 29,5 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец (2.271.380.000 евра), покажуваат податоците на Народна банка на Република Македонија (НБРМ).

На крајот на октомври лани, вкупните девизни резерви имаа салдо од 2.728.950.000 евра.

Најголем дел од државните девизни резерви отпаѓаат на хартии од вредност, коишто на крајот на октомври изнесуваа 1.801.230.000 евра или 40 милиони евра помалку во однос на септември оваа година. На салдото на хартии од вредност, во октомври лани, имаше 2.154.070.000 евра.

Вкупните валути и депозити во октомври беа на ниво до 252.540.000 евра или 67,9 милиони евра помалку во однос на септември, додека на крајот на октомври лани достигнаа 312.150.000 евра.

Вредноста на монетарното злато во октомври беше 242.900.000 евра, еден месец претходно вредеше 241.260.000 евра, додека во октомври лани беа на ниво од 258.020.000 евра.