Вкупните девизни резерви на крајот на септември оваа година имаа вредност од 3.127.500.000 евра или 96 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец (3.031.500.000 евра), покажуваат податоците на Народна банка.
На крајот на септември лани, вкупните девизни резерви изнесуваа 2,7 милијарди евра.
Хартиите од вредност, заклучно 30-ти септември оваа година, имаа вредност од 2.398.900.000 евра, односно 65,9 милиони евра повеќе во споредба со крајот на август – 2.333.000.000 евра.
Зголемување од 35,1 милиони евра во септември има кај валутите и депозитите, што минатиот месец беа на ниво од 423.900.000 евра, а во август се позиционираа на 388.800.000 евра.
Кај монетарното злато, во септември (301.700.000 евра) има намалување од пет милиони во споредба со август (306.700.000 евра) оваа година.
Фото: Pixabay