Девизно штедење со 4,5% камата од Стопанска банка Битола

50

Долгорочно девизно штедење е новиот производ на Стопанска банка а.д. Битола наменет за оние кои сакаат безбедно и сигурно, а брзо размножување на парите без непотребни ризици. Производот се издвојува од сите останати понуди за штедење токму според повисоката стапка од 4,5% на годишно ниво со период на орочување од 70 месеци.

За првпат домашна банка на пазарот нуди штедење со невообичаено повисока каматна стапка.Освежување е кога конзервативниот пристап којшто гарантира сигурност во приходите и сѐ уште се наметнува како најбезбеден и најсигурен, класичното штедење во банките ќе се наметне како силна конкуренција.

Од Стопанска банка а.д. Битола објаснуваат дека долгорочниот девизен депозит се карактеризира и со фиксна каматна стапка.

“Минатата година Стопанска банка а.д. Битола прослави јубилејни 70 години постоење на македонскиот пазар, и затоа преку бројот 70 се одлучивме симболично да ја поврземе оваа понуда со нашиот роденден. Сакавме со овој производ да бидеме различни од останатите банки, но и да останеме верен партнер, кој ја вреднува високо лојалноста на нашите потрошувачи. Станува збор за производ што се двои од сите останати на домашниот пазар според висината на каматната стапка која се пресметува на годишно ниво и е фиксна за целиот период од 70 месеци. Она што е особено важно за потрошувачите е дека сите девизните штедни влогови во Банката се осигурени во Фондот за осигурување на депозити и тоа во висина од 100% од вкупниот депозит на секое физичко лице до износот на денарската противвредност од 30 илјади евра. Ова е во согласност со правилата на работа на Фондот за осигурување на депозити. Се разбира, банката има богата понуда од разновидни производи за девизни и денарски депозити и детални информации потрошувачите може да добијат во сите експозитури на банката низ Македонија“, вели Наташа Несторовска, член на управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола.

Ако се направи споредба со сите останати каматни стапки на девизни депозити на македонскиот пазар, забележително е дека се движат до најмногу 1,20% на годишно ниво.

Според понудата на Стопанска банка а.д. Битола, минималниот задолжителен влог за орочување на 70 месеци е 100 евра, а каматата се исплаќа годишно, по 12 месеци од датумот на влогот, односно 12 месеци од претходно исплатената камата. Банката нуди и можност за разорочување, односно предвремено повлекување на депозитот со поднесување писмено барање од вложувачот. По раскинување на договорот се наплаќа 1.000 денари надомест за предвремено раскинување на влог. На клиентот му се пресметува камата со примена на каматна стапка по видување, за периодот од датумот на орочување до датумот на повлекување на депозитот.

Понудата која не се пропушта, можете да ја искористите само во експозитурите на Стопанска банка а.д. Битола низ Македонија.