Фото: Facebook
Џером Пауел ќе стане 16-от претседател на американската централна банка (Federal reserve – FED), откако Сенатот на САД ја потврди неговата позиција, пишува Cnbs.com.
Тој доби поддршка од 85 сенатори, додека за неговата кандидатура 12 беа против. На оваа важна позиција, 64-годишниот Пауел доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп го кандидираше во ноември минатата година.
Мандатот на актуелната претседателка на Федералните резерви, Џенет Јелен, истекува во февруари оваа година. Но, таа останува во функција на гувернер сè до 31-ви јануари 2024 година.
Јелен, инаку беше прва жена на чело на Фед и на таа позиција во 2013 година го наследи Бен Бернаке.