Diesel продава маичка за 5,5 милиони долари

39

Модната компанија Diesel продава маички од обичен памук по цена што достигнува и 5,5 милиони долари, како дел од маркетинг кампања за нивниот прв станбен комплекс во Мајами.

Италијанскиот моден бренд смисли маркетинг кампања во која што се пуштени во продажба вкупно 143 маички по цена од 370.000 до 5,5 милиони долари. На секоја од маичките е испечатена основата од становите во комплексот Diesel Wynwood, што се гради во Мајами.

Најскапата маичка го “крие“ и најскапиот стан од 237 метри квадратни. Изградбата се очекува да почне во април, а инвеститор заедно со Diesel е италијанската група Bel Invest.

Фото: Pexels