Дигитален маркетинг речник

331

digital-marketing

Фото: Pixabay

Овој речник е дел од серијалот на текстови поврзани со Дигиталниот Маркетинг и ќе се изучува на курсот: Online Marketing за вашиот бизнис: Како до нови посетители и клиенти.

Основни поими што мора да ги знаете:

  1. Analitics: (Аналитика) – информација која произлегува од систематска анализа на податоци или статистика. Во дигитален маркетинг, аналитика е информација која произлегува од систематска анализа на податоци собрани од маркетинг активности, како што се е-мејл маркетинг, A/B тестирање на лендинг страни или од Google Adwords кампања.
  2. CPA (Cost Per Action) – е метрика за мерење на ефикасноста на Интернет рекламна кампања. Земете ја вкупната цена за кампањата и поделете ја со бројот на посакувани акции и како резултат ќе ја добиете цената за секоја акција на клиентот. Маркетерите во последно време го преферираат овој модел бидејќи медиумот кој ја објавува кампањата го сноси поголемиот ризик од успешноста на рекламата.
  3. CPC (Cost Per Click) – медиумот каде се рекламирате ви наплаќа само тогаш кога некој ќе кликне на самата реклама, а не кога посетителот ќе ја види рекламата.
  4. CPM (Cost Per Thousand) – стандардна единица за купување или продавање на интернет рекламирање. Буквата „М“ од кратенката (со римски бројки М = 1000) означува 1000 импресии или погледнувања на рекламата. Ако медиумот ви побара $5 CPM, тоа значи дека вие ќе треба да му платите $5 за секои 1000 прикажувања на рекламата.
  5. CTR (Clickthrough Rate) – колкав процент од оние кои го виделе линкот го притиснале.
  6. Keyword (Клучен збор) – збор или фраза кој вашите потенцијални клиенти ја внесуваат во пребарувачот за да најдат некоја услуга или производ.
  7. SEO (Search Engine Optimisation) – процесот на правење на вашата веб страна и содржината релевантна за пребарувачот и за оние кои пребаруваат.
  8. Blogging (Блогирање) – од изразот „Web Log“ каде сопственикот на веб страната активно пишува на одредени теми со цел да ги информира корисниците или да привлече нови потенцијални корисници на неговите услуги или производ.
  9. Conversion rate – процентот на уникатни посетители на веб страната кои се „конвертираат“ во клиенти или се регистрираат на страната како потенцијални клиенти.
  10. Дигитален маркетинг календар – алатка која на Дигиталниот Маркетер му обезбедува структуриран и дисциплиниран начин на планирање и спроведување на сите маркетинг активности.
  11. Google Adwords – програмата управувана од страна на Google, која им овозможува на бизнисите кои сакаат да прикажат реклами на Google и на нивната мрежа. Апликацијата AdWords им овозможува на компаниите да постават буџет за рекламирање, а компаниите плаќаат само тогаш кога оние кои пребаруваат кликнуваат на линкот.
  12. ROI (return-on-investment) – акроним за „Поврат на инвестиција“. ROI претставува процент на добивка од одредена маркетинг активност. На пример, ако вие плаќате 50 долари месечно за CPC рекламирање, а тоа доведува до 500 долари во профит, твојот ROI ќе биде 1000%.
  13. Growth Hacking – е маркетинг техника која има за цел да привлече корисници со релативно низок буџет за маркетинг. Оваа техника ја користеше тимот на Brainster од самиот почеток кој со само една Growth Hacking техника успеа да аквизира 4.300 регистрирани членови без ниту 1 долар во маркетинг
  14. Site Project Маркетинг – претставува маркетинг техника каде бизнисите креираат алатки кои најчесто се бесплатни за користење. Овие алатки соодветствуваат со таргет групата на бизнисите. Целта е дел од корисниците на овие алатки да ги пренасочат на нивниот основен бизнис.
  15. Guest Bloging – Гостинско блогирање е метода користена од блогери за да ја зголемат посетата на нивните блогови. Блогерите пишуваат текстови и ги објавуваат на други медиуми. Brainster во првите 4 месеци од постоењето имаше повеќе од 70 објави во медиуми, меѓу кои и објави во Forbes и Huffington Post.

Научи Интернет Маркетинг