Дигиталниот јуан влегува во платниот промет на Кина

162

Дигиталниот јуан влегува во платниот промет на Кина, откако кинеската компанија JD.com соопшти дека ќе биде прва мрежна платформа што е прифатлива за плаќање во национална крипто валута.

Компаниите во рамки на промоцијата на дигиталниот јуан ќе организиран наградна игра на WeChat, во којшто среќните добитници ќе поделат вкупно три милиони долари, пренесува CNBC.

Победниците ќе добијат таканаречен црвен пакет којшто содржи најмногу 200 дигитални јуани, а ќе може да ги потрошат за онлајн плаќање на JD.com. Како што се наведува, ќе бидат поделени 100.000 црвени пакетчиња.

Дигиталниот јуан го контролира и издава Народна банка на Кина, којашто разви национална виртуелна валута во рамки на проектот Дигитално валутно електронско плаќање (Digital currency electronic payment – DCEP), на чиј развој дополнително ќе се работи.

Фото: Pixabay