Димитровски:Најважниот комодитет во денешно време е вистинската информација во вистинско време, а каде подобра шанса за добивање на истото ако не во бизнис клуб

886

CEED Бизнис клуб Македонија претставува дел од CEED Global, интернационална организација која е застапена на 18 пазари-држави, низ 4 континенти во светот и која има изградено мрежа од повеќе од 2000 компании, а поддржани повеќе од 65000 претприемачи. Посредувано и успешно реализирано повеќе од 47000 бизнис конекции, организирано повеќе од 1400 настани за вмрежување, 9000 работилници и многу повеќе…

„Визијата нѝ е да станеме највредниот ресурс за претприемачите во градењето одржлива и просперитетна бизнис средина на локалниот пазар, па оттука стремежот е константно, ден по ден да ја менуваме парадигмата кај претприемачите кои се стремат да пораснат во лидери и напредуваат, преку инвестирање во заедница на основачи на бизниси,“ вели во интервју за Бизнис Инфо, Филип Димитровски, Country Мanager на CEED Бизнис клуб.

Бизнис Инфо:CEED (Centre for entrepreneurship and executive development) Македонија, единствен бизнис клуб во Македонија кој овозможува платформа за вмрежување и до-едукација во форма на размена на искуства меѓу успешни претприемачи, сопственици и извршни директори, постои повеќе од 15 години во Македонија. Како вашето постоење влијаеше врз бизнис заедницата во земјава, што изградивте зад себе во овој период?

CEED Бизнис клуб Македонија претставува дел од CEED Global, интернационална организација која е застапена на 18 пазари-држави, низ 4 континенти во светот и која има изградено мрежа од повеќе од 2000 компании, а поддржани повеќе од 65000 претприемачи. Посредувано и успешно реализирано повеќе од 47000 бизнис конекции, организирано повеќе од 1400 настани за вмрежување, 9000 работилници и многу повеќе..

Согласно годишниот извештај на CEED Global сведоштвата велат дека процентуалниот импакт на CEED врз растот на годишните приходи на членството е 25% во просек, повеќе од 45% се развиле како лидери, 52% ја зголемиле својата мрежа, а цели 85% го продолжиле и обновиле членството повторно. Мислам дека оваа статистика е сама по себе доволно ветувачка со цел да се тестира програмата и да се направи leap-of-faith од страна на новите и потенцијално заинтересирани членови.

Кога би направиле осврт за нашата држава конкретно, од аспект на членство во истото биле вклучени повеќе од 500 – тина компании, а она што е неверојатно да се истакне е фактот за успешно спроведени 12 генерации на Grow програмата, но и многу други слични, но и по-напредни програми. Во моментов имаме  две активни групи, една 13-тата генерација на Grow програмата, а другата е Pro програмата во која се вклучени членовите со најголем стаж и придонес во организацијата. Наскоро вредно за најава е стартот на 14 -та генерација на Grow програма што за првпат ќе обедини компании кои имаат фокус кон софтверски, високо технолошки решенија и сите со бизниси кои излегуваат од рамките на нашата држава, односно насочени кон странски пазари.

Бизнис Инфо:Кажете ни нешто повеќе за производите и услугите што ги нуди CEED Бизнис клубот во Македонија и кој сè мoже да биде дел од истиот?

Наједноставниот начин за објаснување на нашите производи и услуги е дека ние сме Платформа за вмрежување и до-едукација наменета за основачи на бизниси и извршни директори, која нуди комбинација на формалнa и неформалнa едукација, но само на внимателно избрани претприемачи и компании кои делат исти вредности, односно верување дека единствено преку развој и поддршка меѓу основачите може да ја трансформираме бизнис климата и инспирираме полово еднаква, претприемачки ориентирана младина.

Во рамки на Платформата за вмрежување во моментов членството ужива во месечни настани за меѓусебно запознавање, градење на бизнис можности и долгорочни партнерства, полугодишни саеми и чести не-формални дружби. Згора на истото во развојниот план се предвидени наскоро да се претстават двонеделни вести поврзани со интересите на членките, односно пресек на најбитните бизнис вести од деловниот свет, вебинари со цел едукација, месечни совети за полесно вмрежување, учество и промоција на успешни деловни приказни преку снимање поткасти во покровителство на CEED и 1-на-1 поврзување и менторство со други бизнисмени кои се во неограничен број. Согласно видот на членството, платформата за вмрежување и до-едукација предвидува и глобално поврзување, настани за вмрежување со други CEED центри низ светот и дедицирана поддршка во фаза на интернационализација, експанзија и освојување на странски пазари од страна на домашните компании.

Додека пак во рамки на Платформата за до-едукација, истата доаѓа во две различни форми, едната форма е „размена на искуство“, додека пак другата форма е „специјализирани тренинзи“. Специјализираните тренинзи се класични обуки предводени од консултанти, предавачи и сертифицирани тренери и истите се конкуренти на пазарот, со тоа што CEED одлучи да нуди тренинзи кои се насочени кон среден менаџмент и кои претставуваат ниш на пазарот, со цел со своите услуги да биде комплементарни на тоа што го нуди пазарот, а не конкурентни. Истите се од голема важност за големите компании кои имаат комплексни организации, хиерархија и систематизација. Размената на искуство е уникатна од другата страна бидејќи е предводена од докажани бизнис основачи кои „го изоделе патот“, но за тоа повеќе во следното прашање.

Визијата нѝ е да станеме највредниот ресурс за претприемачите во градењето одржлива и просперитетна бизнис средина на локалниот пазар, па оттука стремежот е константно, ден по ден да ја менуваме парадигмата кај претприемачите кои се стремат да пораснат во лидери и напредуваат, преку инвестирање во заедница на основачи на бизниси, на кои им ја обезбедуваме горенаведената платформа.

Бизнис Инфо:Кој спаѓа во Бизнис групата фаза GROW, за кого е наменета и што добиваат членовите на оваа ексклузивна програма?

Бизнис групата фаза Grow е програма во која е направена комбинација од услугите во рамки на Платформата за Вмрежување, надополнети со услугите од Платформата за До-едукација, односно сесиите за размена на искуство и затоа истите претставуваат уникатна услуга во нашата држава. Една од најуспешните програми на организацијата се успешно спроведените 13 генерации од истата, кои всушност се група на бизниси кои се селектирани за фаза Grow поради моменталната состојба на раст и развој во која се наоѓаат, според методологија на Адижес која CEED ја користи и предвидува компанијата да има над 5 вработени и годишни приходи над 150к EUR. Програмата вклучува 8 сесии на забрзан процес на учење, предводен од докажани бизнис основачи (оние кои „го изоделе патот“) во затворена средина или круг од доверба, ограничен на 25 членови по група, каде што сите имаат можност да споделат мислење, да постават прашања и да разменат практики и решенија едни со други.

Состаноците ги предводат гости говорници кои ги споделуваат своите знаења за основање на бизнисите, искуства и научени лекции, помагаат да најдеме одговори за предизвиците со кои се соочуваме, притоа даваат конкретни професионални совети од заедницата на претприемачи кои поминале низ исти или слични дилеми и предизвици во бизнисот. Овој концепт е различен од специјализираните тренинзи, каде истите ги вршат консултанти, обучувачи и тренери.

Темите кои се обработуваат во рамки на оваа програма се: Лидерство и прашања на кои претприемачите треба да имаат одговор, подготовка на компанијата за раст и развој во период на неизвесност, нови трендови, иновации и канали за ефективна и повторлива продажба, управување со човечкиот капитал кој е сè помалку достапен, финансии за претприемачи и финансиски dashboard, финансирање на развојот преку средства и алтернативни извори на капитал и за крај специјална тема: Аквизиции, спојувања и стратегии за излез во бизнисот.

Целта е да им овозможиме на претприемачите да го дефинираат нивниот пат во развојот на нивната компанија: да ја зголемат продажбата, да го изградат својот бренд и да се организираат навремено за следната фаза на раст и развој. Понатаму да ги поврземе претприемачите со нови деловни контакти кои ќе им ја прошират нивната деловна мрежа локално и ќе создадат нови можности на меѓународно ниво.

Истата е наменета за претприемачи кои брзо напредуваат и се поставени да управуваат со компании независно од комплексноста и големината на истите, основачи и менаџери на млади компании, потенцијални наследници на семејни бизниси (втора генерација), поранешни корпоративни вработени кои стануваат менаџери за првпат, но и претприемачи кои управуваат со големи компании, но имаат потреба од понатамошна до-едукација.

Бизнис Инфо:Што најмногу се бара како услуги од вашите членови?

Земено во предвид дека во рамки на нашето портфолио се наоѓаат близу 100 -тина компании, сите успешни и профитабилни во својот сегмент, а со 55 вработени во просек и близу 3 милиони евра по основ на годишен обрт, сметам дека постои многу вреден извор и потенцијал на знаење и искуство кое ние сакаме несебично да го споделиме со сите, а особено новите генерации на бизниси, па оттука ќе кажам дека од перспектива на услуги кои се бараат од членството се:

  1. ВМРЕЖУВАЊЕво форма на меѓусебна соработка како пресудно и највредно, преку градење на круг од доверба, професионалци и пријатели кои меѓусебно се поддржуваат и соработуваат! Тука мора да напоменам дека на членувањето не се гледа како престиж, колку што се гледа како чувство на припадност… Во продолжение..
  2. Неформалната ДО-ЕДУКАЦИЈА
    1. Најбараната форма во моментов е преку ГРУПНИТЕ СЕССИ ЗА РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА– односно советување, консултирање, а сето тоа во предефиниран број и  круг на компании од доверба, сите со слична фаза на развој и слични предизвици, каде искуството го пренесува веќе докажан бизнисмен кои на база на научените лекции споделува свое видување
    2. Понатаму, до-едукацијата исто во форма на СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ТРЕНИНЗИ, односно класични обуки, но во нашиот случај најмногу апликативно за средно ниво на менаџмент или раководители која претставува некој ниш сегмент на нашиот пазар во моментов:
  3. Инаку, од друга страна нешто што не се зборува често, а постојат како коучинг програми:
    1. Зголемување на мотивацијата кај вработените, но и уште побитно Задржување на мотивацијата кај самиот претприемачво условите на неизвесност
    2. Долгогодишните бизниси изградени со многу емоции во поинакви времиња,а предавање на истите кон нивните наследници или новите генерации и Како да се надмине тој процес
    3. Мапирање на главните проблеми со цел градење на интерни процеси неопходни за фирмата, воедно и воспоставување на интерна организација, контрола и конзистентност.

Бизнис Инфо:Дали претприемачите ја разбираат потребата за постојана надоградба и инвестираат во знаење, вмрежување и практични бизнис совети. Какви се повратните информации од учесниците во програмите?

Да, сведоштвата на нашите членки се најдобар показател за успешноста на овие програми, но и вистински мотиватор за оние кои се двоумат дали нашите услуги носат вредност. Всушност јас често правам паралела со моите лични и минати искуства каде моите гледишта, делувања и носења на одлуки биле поттикнати со помош на искусни претприемачи кои не секогаш го имале одговорот за предизвикот со кој сум се соочувал, а многу често ми помагале особено, бидејќи не секогаш претприемачот го бара одговорот, колку што претприемачот треба да биде поттикнат да излезе од субјективноста, да се анализира и согледа себеси објективно и да процени како одлуката ќе влијае врз бизнисот, тимот и/или клиентот. Постигнувањето на објективност и согледувањето себеси од птичја перспектива е возможно само доколку бизнисменот е во круг на други бизнисмени, секој со свое мислење, начин на работа и стил на менаџирање со цел да се согледаат поинакви пристапи и начини на резолуција.

Земено ова во предвид, не се поставува прашање дали претприемачите ја разбираат потребата, но се истакнува важноста и потребата претприемачите постојано да се наградуваат бидејќи работите, условите на пазарот и бизнисите се менуваат со голема брзина, а победници се оние кои навремено се прилагодуваат и адаптираат на новите услови. Најважниот комодитет и асет во денешно време е вистинската информација во вистинско време, а каде подобра шанса за добивање на истото ако не во бизнис клуб?

Јас сакам да верувам, но и лесно се забележува дека новите генерации се отворени кон модерни практики, иако многу самоуверени и храбри, сепак повеќе отворени кон самокритичност. Тоа е од голема важност бидејќи укажува на тоа дека со добри ментори, role-модели, предизвиците и препреките можат да се совладаат, но поважно од сè и бизнисите ќе се поддржат меѓусебно што е во согласност со верувањето и мисијата на CEED, а притоа ќе ги инспирираат новите генерации да го следат нивниот пример и да ја негуваат праксата.

Бизнис Инфо:Зад нас е периодот на пандемија, а светот се соочува со нова криза предизвикана од инфлацијата, големи оставки од работниците, отпуштања. На што според вас треба да се посветат претприемачите во овој предизвикувачки период?

Знаете, денешниот предизвик со кои многу компании се соочуваат, не само тие кои се наши членки е сепак поттикнат од глобалните случувања, односно воениот конфликт помеѓу Русија и Украина, а сето тоа во комбинација со последиците од ковид-19, недостатокот на храна и неповолните климатски промени во светот, а особено во нашата држава предизвика шокови и рекордно зголемување на инфлацијата, апсолутно.

На сето ова ние како мала и исклучително отворена економија, каде што трошоците за храната и енергенсите сочинуваат околу половина од потрошувачката кошничка, останавме исклучително подложни на тие шокови што ни укажа на недостатокот на домашно производство во многу индустрии и високата зависност од увозот. И покрај тоа што овие се макро-економските предизвици, сепак истите имаат големо влијание и на нашите членки, па оттука би ги издвоил следниве теми како главни предизвици кои допрва ќе нè стават на тест и за кој секој претприемач треба да има стратегија.

  1. Задржувањето на вработените, зголемувањето на ангажираноста и мотивацијата, особено кога треба да се натпреваруваме со светски компании до кои истите овие талентирани вработени кои произлегуваат од нашиот регион имаат директен пристап,
  2. Потоа, Како полесно до прилагодливост, иновативност и ефикасност, како фундаменти и главен императив во работењето на секоја компанија со оглед на растечкатаинфлација и справување со високите цени на енергијата и храната
  3. И можеби последно, но не помалку битно, финансирање преку алтернативни извори на капитал, дигитализација и трансформацијата на процеси во секојдневните процеси и работење

Бизнис Инфо:Во рамки на CEED Бизнис клубот е формиран и CEED клубот на Бизнис Ангели, а вие сте и ангел инвеститор. Кажете ни, како го оценувате стартап еко-систем во нашата држава, какви активности спроведувате и како CEED клубот на Бизнис Ангели го поддржува истиот?

Во нашата држава во моментов постои еко-систем за стартап-и кои многу организации од година во година се обидуваат да го поддржат и изградат, па оттука ќе кажам дека имаме простор за развој сè уште, но веќе сметам дека имаме задоволителна инфраструктура со која се идентификуваат стартап-ите со голем потенцијал и ги опфаќаат следниве фази:

  • фаза на концепт и тестирање на идејата, односно преку бизнис инкубатори, акцелератори, академии,
  • понатаму во фаза на припрема за добивање инвестицијапреку нешто што ние го нудиме, односно програма за припремање за добивање на инвестиција, или Investment readiness program, но исто така
  • фазата на барање на инвестиција, која иде преку од прилика 3 клубови на ангел инвеститори во регионов во моментов, од кој едниот е во ЦЕЕД Бизнис клубот,
  • а за крај и фазата на обезбедување на поголема инвестиција на веќе докажан и предвидлив модел на бизнис, односно venture capital, инвестициски фондови и слично.

Што се однесува на Временската рамка, истата многу зависи од мотивацијата на основачите, но и инвеститорите скоро во секоја ситуација, меѓутоа повеќе на оваа тема ќе можеме да научиме откако на едно место ќе ги обединиме стартап-ите, нешто што наскоро ЦЕЕД ќе проба да го реши и истакне на повисоко ниво.

Во врска со сфаќањата на членовите на CEED клубот на Бизнис Ангели, прво треба да направиме осврт на тоа како гледаме на работите и кое е нашето верување и пристап:

  • Ангел инвеститор е успешен поединец и докажан бизнисмен со личен капитал на располагање кој може да го обезбеди во форма на финансиска поддршка за малите стартапи или претприемачи, обично во замена за сопственички удел во компанијата. Честопати, средствата што ги обезбедуваат ангел инвеститори може да бидат еднократна инвестиција за да му помогне на бизнисот да отпочне со валидација на истиот или тековна капитална инекција со цел поддршка и подобрување на ликвидноста на компанијата низ раните и ранливи фази. Можеби побитно од претходното е дека инвестирањето како Ангел создава обврска што ја презема инвеститорот, не само да дедицира дел од својот буџет, но и да посвети време на менторирање, поддршка и обезбедување знаењe, искуство и споделување на контакти на основачите кои се поддржани.
  • Дефиницијата за Стартап од друга страна за тоа како ја толкува овој клуб е дека тоа најчесто е регистрирана компанија која е во почетната фаза на бизнисот. Основачите обично ги финансираат своите стартапи сами на почетокот, позната како bootstrapping фаза, ја поминале точката на MVP (идентификувале најисплатлив производ), успеале да генерираат минимални приходи од понудениот производ и/или услуга во тоа време (го лансирале, тестирале и веќе забележале почетни приходи), бизнис идејата е насочена кон решавање на некој проблем за кој постои истражување и за крај Стартап компанијата е доволно скалабилна и ветувачка, што значи дека бизнис моделот дозволува истото да се понуди надвор од физичките границите на земјата на потекло.

Околу активностите во рамки на CEED клубот на Бизнис Ангели, годишниот план и досегашните перформанси, можеме гордо да кажеме дека клубот беше иницијално основан во далечната 2015 година, од тогаш до сега финансиски поддржа 18 компании/бизниси, додека пак има направено точно 10 капитални инвестиции, или equity investments. Годишниот план предвидува позиционирање на клубот како комплементарно здружение и партнер на сите акцелератори, технолошки паркови и непрофитни организации во државата и регионот кои нудат повеќе месечни програми за припрема со фокус кон стартапите за раст и развој, здружение кое самостојно или во соработка со друга институција може да најде модел за финансиска поддршка кон стартап-ите, но и менторски пристап со цел зголемување на шансите за успех! Инспирирани од оваа мисија имаме предвидено минимум од два пати во годината пичинг сесии, каде самостојно или во соработка со друга институција организираме презентации од страна на соодветните стартапи, преговараме, договараме и склучуваме договори за инвестиција и на крај менторска поддршка кон истите. Згора на тоа на ангел инвеститорите им нудиме соодветни тренинг програми и сертификација, алатки и пристап до податоци, а сето тоа во соработка со реномирани светски и европски здруженија на ангел инвеститори.

Бизнис Инфо:Какви препораки би испратиле до стартапите кога бараат инвестиции и со какви предизвици се соочуваат бизнис ангелите во земјава? 

CEED клубот на Бизнис Ангели постои, сертифициран е и сериозен во намерата. Има сериозен годишен план и бројката на инвеститори расте, но исто така се води од позиција на обезбедување диверзификација на компетенции и know-how внатре во клубот со цел приоретизирање на вредноста од менторите/ангелите кои може да ја испорача, а не единствено средствата кои ги има на располагање. Ангел инвеститорот, земено во предвид фазата во која ја прави инвестицијата, во најголем процент од времето анализата ја темели на база на презентацијата и фидбекот за основачкиот тим,  мотивацијата кај основачите, разбирањето на бизнис моделот и скалабилноста на истиот, реалната вредност на бизнис моделот и долгорочната стратегија и визија на компанијата.

Бизнис Инфо:Кои се идните планови (новости) на CEED Македонија?

Stay tunned and let’s find out!