Динкиќ: На Србија и требаат две милијарди евра странски инвестиции годишно

52

За успешен економски развој на Србија, почнувајќи од 2013 година, треба да се обезбедат најмалку две милијарди евра странски директни инвестиции годишно, вели министерот за финансии Млаѓан Динкиќ.

Динкиќ во интервју за Танјуг рече дека секој прилив на странски инвестиции во вредност поголема од три милијардо евра годишно би бил голем успех и значително би придонеле за осетен економски раст, кон што тежи сегашната влада. Тој со оптимизам ја очекува следната година, затоа што оваа, кога станува збор за економијата, била многу лоша година во секој поглед.

Министерот изјави дека странските инвеститори сега најмногу сакаат да остварат контакти и нови бизниси во Војводина и централна Србија.

Владата сега сака да го префрли интересот на инвеститорите и во други подрачја на Србија, како што е западниот дел, кој не е поврзан со автопати.

“Затоа еден од приоритетите на оваа влада е што побрзо да се започне со изградба на Коридор 11, автопат од Белград преку Чачак, до црногорската граница”, вели Динкиќ.

Министерот укажа на значењето на земјоделието за идниот развој на Србија, потсетувајќи дека таа развојна шанса редовно се пропушта со децении наназад. Според него, Србија нема доволно пари одеднаш да ги вложи во земјоделството, но потсети дека аграрниот буџет е дури за 70% поголем во ребилансот за оваа година.

Динкиќ смета дека производството на автомобили, електроника, прехранбената индустрија и информатичката технологија треба да го водат индустрискиот развој на Србија.