Директорот на Binance меѓу најбогатите луѓе во светот

218

Имотот на извршниот директор на најголемата глобална берза за криптовалути Binance, Чангпенг Жао се проценува на 96 милијарди долари, износ со кој стои рамо до рамо со технолошките богаташи како што се Марк Цукерберг, Лери Пејџ или Сергеј Брин, наведува  Блумберг.

Нето вредноста на Жао го надминува имотот на најбогатиот човек во Азија, Мукеш Амбани, претседател на индискиот конгломерат Reliance Industries.

Меѓу неговите крипто „врсници“, најблиски ривали се основачите на FTX Сем Банкмен-Фрид со 15,4 милијарди долари и извршниот директор на Coinbase Брајан Армстронг со 8,9 милијарди долари.

Binance е најголемата светска берза за криптовалути, со 24-часовен обем на тргување од 106 милијарди долари, забележан во првата недела од оваа година. Минатата година генерира најмалку 20 милијарди долари приход од провизија. Жао поседува околу 90 отсто од сопственоста во Binance, наведуваат американските медиуми.