Директорот на British Airways поднесе оставка

35

Директорот на авиокомпанијата British Airways, Алекс Круз поднесе оставка, потврдија од групацијата International Airlines.

Луис Галего од International Airlines изјави дека оставката на Круз доаѓа во време на најголема криза во индустријата којашто ја сруши побарувачката за летови поради пандемијата со коронавирусот.

Само минатата недела британската компанија најави отпуштање на 400 работници.

Фото: Pixabay