Дивиденда за акционерите на Тетекс од акумулираната добивка

22

Собранието на акционери на Тетекс од Тетово донесе одлука за распоред на дел од нераспределената акумулирана добивка на компанија од 2012 година.

Според одлуката, дел од акумулираната добивка од 2012 година од 2012 година во износ од 40.906.248 денари се распределува: бруто износ од 40.906.248 денари, данок на добивка 10% 4.090.352 денари, бруто износ за дивиденда 36.815.623 денари.

Собранието на акционери на Тетекс од Тетово донесе одлука за исплата на дивиденда и утврдување дивиденден календар.

“Се одобрува исплата на дивиденда во бруто износ од 36.815.623 денари од акумулираната добивка на друштвото. Висината на дивидендата бруто по акција ќе изнесува 2,872% од номиналната вредност, односно 88,89 денари бруто по акција“, стои во одлуката.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 27.12.2018 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 28.12.2018 година. Датум на стекнување на право на дивиденда е 31.12.2018 година.

Исплатата на дивидендата е на 31.12.2018 година.