Дизајн што продава – стимулација за млади претприемачи и брендови во развој

29

dizajn

Дизајн што продава е тридневен настан којшто претставува стимулација за младите претприемачи и брендови во развој.

Настанот нуди можност не само да ги изложите и продавате своите производи и услуги, туку и да комуницирате и соработувате со дизајнери и маркетари од регионот, кои работат за едни од највлијателните брендови во индустријата и кои знаат дека дизајнот ја игра највлијателната улога во процесот на креирање бренд, пораката која се испраќа на клиентите и градењето на стабилна врска со истите.

Пријавете се изложба на дизајн производи и услуги, отворени предавања, приватно советување, забавна програма, неформално дружење и вмрежување.