Дизелот поскапува за пола денар, бензините по стара цена

10

goriva-pixabay-345Фото: Pixabay

Дизелот од полноќ поскапува за половина денар, додека бензините и во следните две недели ќе се продаваат по иста цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС – 95 останува 60,50 денари за литар, додека еден литар Еуросупер БС – 98 и во следните две недели ќе чини 62,50 денари. Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари за литар. Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 47 денари за литар, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,048 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 27.06.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 24,187 ден/кг.