Дизни го продолжи мандатот на директорот, но сè уште е во потрага по наследник

67

Одборот на директори на компанијата Волт Дизни едногласно гласаше за продолжување на договорот на извршниот директор Боб Игер до крајот на 2026 година.

Кога Игер ја презеде функцијата извршен директор на компанијата по втор пат во 2022 година, тој нагласи дека работата ќе трае само две години додека компанијата не најде соодветна замена.

Во изјавата за продолжувањето на договорот, Игер рече дека морал да донесе „тешки одлуки за да се решат некои постоечки структурни и проблеми со ефикасноста“, но верува дека „долгорочната иднина на Дизни е неверојатно светла“.

Потрагата по наследник сè уште е во тек
Игер нагласи и дека е во потрага по следниот извршен директор на компанијата, пишува CNN.

„Бидејќи сакам да се осигурам дека Дизни е цврсто поставен кога мојот наследник ќе го преземе кормилото, се согласив со барањето на одборот да останам извршен директор уште две години“, рече тој. „Важноста на процесот на сукцесија не може да се прецени, и бидејќи Одборот продолжува да ги оценува висококвалификуваните внатрешни и надворешни кандидати, јас останувам интензивно фокусиран на успешна транзиција.

Игер се врати на својата улога како извршен директор во ноември 2022 година, откако првично се пензионираше. Во тоа време, Дизни рече дека Игер се согласил да се врати во компанијата на две години и дека „ќе соработува тесно со одборот за да развие наследник што ќе ја води компанијата по завршувањето на неговиот мандат“.

Фото: facebook