До 17-ти март ќе можат да се поднесат годишните даночни пријави до УЈП

16

Годишна даночна пријава и Годишен даночен биланс за персонален данок на доход до Управата за јавни приходи ќе може да се поднесе до понеделник, 17-ти март.
Управата за јавни приходи информира дека продолжувањето е поради тоа што последниот ден за поднесување 15 март е сабота, кој е неработен ден и согласно законот даночните обврзници нивните пријави ќе можат да ги поднесат и на 17 март понеделник како прв работен ден.
Според последните податоци, до УЈП се поднесени 108.763 годишни даночни пријави од граѓаните, од кои 760 се доставени по електронски пат.
Граѓанинот кој е од друг град, но работи, живее, студира, односно е со привремен престој во Скопје, како и сите други граѓани својата даночната пријава може да ја поднесат и во Контакт центарот Скопје кој работи секој ден од 9 до 20 часот, освен недела. Пријавата може да се достави и по пошта на адресата на надлежната Регионална дирекција на УЈП.