До петок посвежо, за викендот пороен дожд

21

dozd-2-pexels

Фото: Pexels

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 21 до 31 степени. Слично време не очекува и во четврток и петок.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 28 степени.

Понестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер се очекуваат во сабота и во недела. Температурата ќе се движи во интервал од 15 до 32 степени.