До први август потрошени околу 23 милиони евра од домашни платежни картички

18

Заклучно први август доделени се картички во вредност од 26,7 милиони евра, од кои корисниците до тој датум потрошиле околу 23 милиони евра, напиша министерката за финансии, Нина Ангеловска на Facebook.

Околу 305.000 граѓани користат ги користат овие средства, коишто, како што наведува Ангеловска, се вбризгани во домашната економија преку купување македонски производи и услуги.

Со картичките реализирани се над 1,7 милиони трансакции. Најголем дел од нив се во:
– Маркети (89%)
– Ресторани и храна (5%)
– Текстил, облека, обувки (3%)

Домашнaта платежна картичка има повеќекратен бенефит за граѓаните и економијата:
– Ја поддржува приватната потрошувачка
– ги поддржува домашните производители и услужни дејности

-придонесува за раздвижување на економската активност
придонесува за безготовинско плаќање

Граѓаните корисници кои ја немаат подигнато својата #ДомашнаПлатежнаКартичка можат се уште да го направат тоа до 15 август – кој е крајниот рок за користење на истите.