До вчера во УЈП се поднесени повеќе од 40.000 годишни даночни пријави

12

Во Управата за јавни приходи до вчера се поднесени вкупно 40.000 годишни даночни пријави, изјави денеска директорот на УЈП, Горан Трајковски.
“Гледано со минатите години, се поголем број граѓани ја исполнуваат обврската пред законскиот рок – 15 март, меѓутоа се уште останува една категорија граѓани кои ќе го чекаат крајниот рок кога шалтерите во контакт центарот опслужуваат од седум до девет илјади граѓани”, истакна Трајковски.
Трајковски нагласи дека од јануари минатата година се користи и системот за е-даноци така што може да се очекува дека оние граѓани кои се регистрирани на овој систем, ќе ги поднесат даночните пријави по електронски пат.
Минатата година 700 граѓани ја искористиле оваа услуга, а годинава заклучно до вчера 254 граѓани поднеле годишна даночна пријава по електронски пат преку е-даноци.