Доаѓа најмала Tesla со поголема автономија и пониска цена

96

Новиот електричен модел на Tesla кој ќе биде најмал во понудата може сериозно да ги здрма класичните автомобилски компании.

Како што  Илон Маск најави минатата година, идејата за “baby“ Tesla станува актуелна. Најновите информации говорат дека најновиот модел на Tesla ќе им конкурира на моделите како Volkswagen ID.3 и Nissan Leaf, но со една значајна предност.

Сè уште безимениот модел ќе биде поевтин од споменатите конкуренти.

Тајната на успехот се крие во батеријата која ќе има 50% пониски трошоци за прозводство, а воедно ќе има неколку пати поголем капацитет за складирање на енергија и ќе овозможува поголема автономија на движење (најмалку 400 км).

Најважното – основната цена на најмалата Tesla би требало да биде околу 23.000 евра. Не се знае дали новиот модел ќе се произведува во Кина или во Берлин.

Фото:Tesla Motors