Добиј уште повеќе!

21

moznosti

Ви ги предлагаме обуките за финансиско знаење преку Штедилница Можности наменети за индивидуални земјоделски производители и мали земјоделски фирми!

Се работи за дводневни обуки за подигнување на основните познавања од областа на финансиите спроведувани од искусни обучувачи, кои имаат за цел едукација на постоечките кредитокорисници на штедилницата.

На овие обуки се покриваат следниве теми:

  • Финансискиот систем во РМ
  • Финансиски поими (каматна стапка, период на отплата, грејс период, рефинансирање…)
  • Процес на одобрување на кредит;
  • Пресметка на камата за кредити и депозити;
  • Поставување на лични финансиски цели;
  • Паметно трошење;
  • Планирање на семејни приходи и расходи, готовински тек, семеен буџет;
  • Осигурување во земјоделието;
  • Трошоци во дејноста, пресметка на цена на чинење, формирање на продажна цена;
  • Бизнис план за земјоделци;
  • Финансиски придобивки од здружувањето и окрупнувањето;
  • Регистрација на земјоделец и финансиски обврски;
  • Земјоделска пензија;
  • Основни показатели на успешноста.

Обуките се наменети за клиентите на Штедилница Можности – индивидуални земјоделци и мали земјоделски фирми кои се занимаваат со примарно земјоделско производство и трговија со земјоделски производи. Се одржуваат локално во средината каде што клиентот ја извршува својата дејност, за да бидат лесно пристапни за нашите клиенти од целата земја.

Овозможувањето на ваквите обуки за нашите клиенти претставува дел од мисијата и визијата на штедилницата, која вклучува и општествената одговорност, подигнување на степенот на едукацијата на нашите клиенти, давање на поддршка и советување на клиентите за поуспешно извршување на нивната дејност.

Штедилница Можности, како социјално одговорна институција, преку овие дополнителни бесплатни услуги се одвојува од останатите институции на пазарот со тоа што им овозможува дополнителна вредност на своите клиенти и инвестира во нивниот долгорочен развој.

Сите заинтересирани клиенти можат да се пријават за дополнителните услуги во сите експозитури на штедилницата.

moznosti-logo