Добил милионска државна помош – ја потрошил на скапи автомобили

Триесет и осумгодишен Американец добил повеќе од пет милиони долари државна помош, но наместо тие пари да ги потроши за сопствениот бизнис, тој купувал луксузни автомобили.

Американецот од мај минатата година ја збогатил сопствената флота со половни Ferrari 458, Lamborghini Aventador и Bentley Continental, а сега е уапсен и се соочува со обвинение за измама и перење пари.

За државна помош, со лажен идентитет аплицирал во три различни банки, со цел да добие средства за четири компании сместени во Калифорнија. Истрагата покажала дека фиктивни се и компаниите и неговиот идентитет, а сега се соочува со затворска казна од 302 години.

Фото: Pixabay