Добитници и губитници на берзата во 2020 година

42

Најголем пораст на официјалниот пазар на Македонска берза, во текот на минатата година, имапе ЗК Пелагонија Битола со промена од 104,10%, покажува Годишниот билтен на Македонска берза.

Просечната цена на акциите на ЗК Пелагонија на 30.12.2019 година беше 1.470 денари, а на истиот ден една година подоцна 3.000,24 денари.

Меѓу акциите со најголем пораст беа и оние на: Огражден Струмица (48,80%), РЖ Економика (45,83%), Уготур (40%) и Реплек (35,55%).

Од друга страна, најголем пад во 2020 година од 90% е регистриран кај акциите на Сковин. Нивната просечна цена на крајот на 2019-та година беше 500 денари, на истиот период во 2020 година само 50 денари.

Меѓу акциите со најголем пад се и оние на: Скопски пазар (-73,68%), РЖ Институт (-48,89%), Карпош Скопје (-47,65%) и Тутунски комбинат Прилеп (-38%).

Фото: Freepik