Добитници и губитници на берзата во април

51

Во текот на минатиот месец, на официјалниот пазар на Македонска берза најголем пораст имаа акциите на Макстил, додека најголем е падот во вредноста на акциите на Лотарија на Македонија.

Меѓу акциите со најголем пораст, први се оние на Макстил коишто имаат пораст од 14,52%, достигнувајќи 71 денар просечна цена по акција на крајот на април оваа година. Пораст од 13,95% е регистриран кај акциите на Реплек, чија просечна цена на 30-ти април беше 113.839 денари.

Меѓу акциите со најголем пораст во април беа и оние на: НЛБ Банка (+8,51%), ТТК Банка (+7,14%) и Аутомакедонија (+5,98%).

Од друга страна, најголем пад во април имаат акциите на Лотарија на Македонија и тоа за -17,60%, достигнувајќи просечна цена од 206 денари на крајот на април годинава. Потоа следат акциите на: ЗК Пелагонија Битола (-9,89%), Бетон Скопје (-7,42%), Стопанска банка Скопје (-3,57%) и Скопски Пазар Скопје (-2,99%).

Фото: Pexels