Добивка на Фустеларко Борец од два милиони денари во првото тримесечје

27

fustelarko-borec

Акционерското друштво Фустеларко Борец од Битола, во период од први јануари до 31-ви март оваа година, прикажа добивка од 2.037.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата работеше со загуба од 243.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото тримесечје од 2016 година достигнаа 56.337.000 денари, од коишто на домашен пазар отпаѓаат 33.029.000 денари, додека остатокот од 23.308.000 денари се реализирани на странски пазари.

Вкупните приходи од продажба во истиот период лани беа на ниво од 57.921.000 денари.

Основна дејност на Фустеларко Борец е изработка на амбалажни кутии од картон за комерцијално пакување на производите од: тутунската, прехранбената, хемиската, текстилната, фармацевтската, козметичката и други индустрии.