Добивка од 1,2 милиони денари за Факом во првите три месеци од 2017

11

fakom

Компанијата Факом оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 1.233.000 денари, покажува тримесечниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во првите три месеци од 2016 година, добивката на Факом беше на ниво од 738.000 денари.

“Компанијата заклучно со 31-ви март 2017 година искажа позитивен финансиски резултат од 1.233.000 денари како резултат на намалени трошоци на производство“, стои во Образложението кон билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба, од јануари до март оваа година, достигнаа 306.929.000 денари. На домашен пазар се остварени 48.088.000 денари, додека поголемиот дел од 258.841.000 денари е реализиран од извоз.