Добивка од 1,2 милиони денари за Тајмиште од Кичево

21

tajmiste

Тајмиште од Кичево, од први јануари до 30-ти септември 2016-та година, оствари вкупна сеопфатна добивка 1.285.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во деветте месеци од 2015-та година, добивката изнесуваше 138.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во периодот јануари – септември оваа година изнесуваа 231.900.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 217.717.000 денари.

Основни дејности на Тајмиште се: рударски услуги, производство на жичани производи и угостителски услуги.