Добивка од 1,7 милиони денари за Рудници Бањани

23

rudnici-banjani-1

Рудници Бањани прикажа добивка од 1.715.000 денари за период од први јануари до 30-ти септември оваа година, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во првите девет месеци од 2014 година, Рудници Бањани прикажа загуба од 2.032.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со крајот на септември, изнесуваат 36.215.000 денари. Од нив 35.855.000 денари се остварени на домашен пазар, додека остатокот од 360.000 денари е реализиран во странство.

Вкупните приходи во истиот период лани беа 37.077.000 денари.