Добивка од 14,4 милиони денари во првото полугодие за Тиквеш

17

tikves

Винарската визба Тиквеш прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 14.144.000 денари во период од 01.01. до 30.06. оваа година, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, Тиквеш работеше со добивка во висина од 3.797.000 денари.

“Нето добивката пред оданочување на износ од 21,2 милиони денари претставува забележително повеќекратно зголемување, односно пораст од 16,5 милиони денари“, се вели во Образложението кон постигнатите резултати.

Вкупните приходи од продажба во првото полугодие изнесуваат 501.607.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 299.836.000 денари, додека остатокот од 201.771.000 денари е реализиран на странски пазари.