Добивка од 151.000 денари за Попова Кула во 2014

63

popova kula

Винаријата Попова Кула оствари добивка од 151.000 денари во 2014 година, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Една година претходно, Попова Кула регистрираше загуба во висина од 4.977.000 денари.

Приходите од продажба на винаријата во 2014 година беа на ниво од 38.926.000 денари, додека една година претходно тие беа во висина од 37.682.000 денари.