Добивка од 2,1 милиони денари за Аутомакедонија во првото тримесечје

16

automakedonija

Акционерското друштво Аутомакедонија прикажа добивка во вредност од 2.144.000 денари, во првото тримесечје од оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото тримесечје од минатата година, компанијата оствари позитивен финансиски резултат од 2.956.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите три месеци од оваа година се на ниво од 78.143.000 денари, додека во истиот период лани истите беа во вредност од 68.473.000 денари.