Добивка од 2,5 милиони денари за Оилко во периодот јануари – март

2

oilko

Компанијата за транспорт и дистрибуција на нафтени деривати, Оилко КДА во првиот квартал од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 2.579.000 денари, стои во неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на компанијата достигна 15.595.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – март оваа година, изнесуваа 81.654.000 денари. Од тој износ на домашен пазар отпаѓа поголемиот дел од 73.119.000 денари, додека на пазари во странство реализацијата достигна 8.535.000 денари.