Добивка од 2,9 милиони денари за Теал од Тетово во првото тримесечје

49

teal-tetovo-1

Компанијата Теал од Тетово, во период од први јануари до 31-ви март оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 2.961.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година компанијата го заврши со загуба од 8.457.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви март оваа година, изнесуваат 56.228.000 денари. Помал дел од тој износ или 17.297.000 денари е остварен на домашен пазар, додека поголемиот дел од 38.931.000 денари е реализиран на пазари во странство.

Главна дејност на компанијата е производство на алуминиумски профили и легури, додека главни производи се: алуминиумски профили и алуминиумски инготи.