Компанијата БИМ од Свети Николе во текот на првите шест месеци од оваа година евидентираше вкупна сеопфатна добивка во вредност од 22.638.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во периодот јануари – јуни минатата година, компанијата прикажа 15.387.000 денари добивка.
Вкупните приходи од продажба изнесуваат 171.819.000 денари. На домашен пазар, од тој износ отпаѓаат 117.946.000 денари, додека на пазари во странство направена е реализација од 53.873.000 денари.
Главна дејност на компанијата е производство на материјали за хидроизолација на база битумен.