Добивка од 25,9 милиони денари за Грозд од Струмица

46

grozd-strumica1

Компанијата за производство и трговија на алкохолни и безалкохолни пијалаци, Грозд од Струмица, оствари вкупна сеопфатна добивка од 25.909.000 денари, во првите шест месеци од 2016 година.

Во првото полугодие од 2015, компанијата прикажа добивка од 19.709.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на полугодието достигнаа вредност од 88.773.000 денари. Од нив на домашен пазар направена е реализација од 79.873.000 денари, додека на пазари во странство се продадени производи вредни 8.900.000 денари.