Добивка од 268,5 милиони денари за Уни Банка во 2018 година

30

Уни Банка, во период од први јануари до 31-ви декември минатата година, работеше со добивка од 268.570.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на банката изнесуваше 242.164.000 денари.

Нето приходите од камата, заклучно со 31-ви декември 2018 година, достигнаа ниво од 747.085.000 денари, додека на крајот на 2017 година беа 656.333.000 денари.

Нето приходите од провизии и надоместоци, во пресметковниот период, имаа вредност од 135.769.000 денари.