Добивка од 290,7 милиони денари за Мермерен комбинат од Прилеп

43

mermer

Мермерен комбинат од Прилеп во првото полугодие од 2017 година оствари вкупна сеопфатна добивка од 290.735.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на првите шест месеци од 2016 година, компанијата прикажа добивка од 22.408.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – јуни оваа година, изнесуваа 753.372.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар отпаѓаат 17.043.000 денари, додека поголемиот дел од 740.329.000 денари е остварен на пазари во странство.

Приоритетна дејност на компанијата е вадење декоративен камен и камен за градежништво, варовник, суров гипс, креда и шкрилци.