Добивка од 3,6 милиони денари за Рудници Бањани

108

Рудници Бањани за девет месеци од оваа година работеше со добивка од 3.603.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, вкупната сеопфатна добивка на компанијата беше на ниво од 7.964.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно крајот на септември изнесуваа 49.610.000 денари, од коишто најголемиот дел или 49.324.000 денари е продажба на домашен пазар, а 286.000 денари се реализирани на странски пазар.

На крајот на септември лани, вкупните приходи од продажба на компанијата достигнаа 52.198.000 денари.

Фото: Freepik