Добивка од 3,7 милиони денари за Рудници Бањани

44

Рудници Бањани, во периодот јануари – декември минатата година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 3.712.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Добивката на компанијата во 2018-та година беше на ниво од 3.517.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви декември 2019-та година, изнесуваа 78.114.000 денари. Од тој износ, поголемиот дел од 77.543.000 денари е остварен на домашен пазар, додека остатокот од 571.000 денари е реализиран на пазари во странство.

“Во 2019 година, приходите од продажба остварени од основната дејност и приходите од наемнини, од услуги, од продажба на трговски стоки се поголеми од истите за периодот 01.0. – 31.12.2018 година за 6.365.000 денари“, стои во Образложението за настанатите значајни промени во финансискиот резултат.

Фото: Pixabay