Добивка од 3,8 милиони денари за Раде Кончар Апаратна техника за девет месеци

36

rade-koncar-aparatna-tehnika-1

Раде Кончар Апаратна техника од 01.01 до 30.09 прикажа вкупна сеопфатна добивка од 3.858.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата оствари добивка од 2.869.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од 2016 година изнесува 173.107.000 денари. На домашен пазар се остварени 65.579.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 107.528.000 денари.

Компанијата се занимава со производство на AC и DC управувани моторни и помошни контактори, модуларни контактори, биметални релеи, нисконапонски прекинувачи, брегасти склопки, електронски временски релеи, тастери, со еден збор, ги произведува сите основни елементи на релејно контакторско управување и останати електрични постојки како и сервис и поправка на електрични производи.