Добивка од 33,9 милиони денари за Тетекс

72

Тетекс од Тетово, во периодот јануари – декември лани, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 33.992.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во 2018-та година, компанијата оствари добивка од 36.144.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви декември лани, достигнаа 167.662.000 денари. Од нив на домашен пазар реализацијата достигна 89.881.000 денари, а остатокот од 77.781.000 денари е остварен на пазари во странство.

“Структурата на приходите остварени на домашен пазар е: приходи од продажба на производи и стоки во износ од 51.173.000 денари, приходи од закупнини 29.059.000 денари и приходи од други услуги од 9.649.000 денари. Тетекс АД Тетово во своето работење претежно се ориентира кон издавање на слободни простори под закуп на други правни лица, дејност којашто значително учествува во вкупните приходи на компанијата“, стои во Образложението за неконсолидираниот биланс на успех.

Фото: Pexels