Добивка од 499,3 милиони денари за НЛБ Банка во првиот квартал

33

НЛБ Банка во период од од први јануари до 31-ви март оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 499.309.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, банката оствари добивка од 418.532.000 денари.

“Нето добивката на банката заклучно со 31.03.2021 година изнесува 499.309.000 денари и е зголемена за 19,3% во однос на истиот период претходната година“, стои во Анализата на финансиските резултати.

Нето каматните приходи, заклучно со 31.03.2021 година, како што стои во Анализата, се пониски за 1,9% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 4,9%, главно поради пониски каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица и население и како и пониски приходи од вложувања во хартии од вредност, додека расходите по камати се пониски за 23,6% главно поради пониски каматни стапки, преструктурирање на изворите во корист на средства по видување и намалување на расходи за субординирани обврски.

Нето приходите од провизии се повисоки за 5,7% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 11,2% како резултат од зголемени приходи од ПОС терминали, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и повисоки приходи од трансакциски сметки. Расходите за провизии се зголемени за 20,7%, главно поради повисоки расходи за картично работење.

“НЛБ Банка АД Скопје, како втора системски значајна банка и трета
банка по големина во Р.С.Македонија, постојано го следи развојот на кризата,
влијанието на банкарските финансиски позиции и следствено проактивно ги
прилагодува своите деловни операции. Банката редовно превзема мерки за
заштита на своите клиенти и нуди најоптималните решенија, а како современа и
креативна банка, ги следи светските технолошки трендови, истовремено
насочувајќи ги своите ресурси кон позитивните придобивки од кризата како што се
забрзаната дигитализација и развојот на нови бизниси, проследено со
континуирано унапредување на банкарските процеси. Истовремено, Банката ќе се стреми кон одржувањето или зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република С.Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, Банката интензивно ќе работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на развој на информатичкиот систем на Банката“, стои во Анализата.