Добивка од 5,3 милиони денари за Фруктал Мак од јануари до септември

37

fruktal-mak

Фруктал Мак од почетокот на годината до крајот на септември оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 5.327.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во деветте месеци од 2015 година, компанијата оствари добивка од 3.975.000 денари.

Вкупните приходи од продажба за периодот од први јануари до 30-ти септември 2016 година изнесуваа 240.724.000 денари. На домашен пазар отпаѓаат 126.598.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 114.126.000 денари.

Основна дејност на Фруктал Мак е производство овошни сокови, нектари и пијалаци изработени без конзерванси.