Добивка од 508.000 денари за Уни банка во првите три месеци од 2015

37

uni banka

Универзална инвестициона банка (Уни банка) во првите три месеци од оваа година оствари добивка од 508.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех.

Во истиот период лани, банката прокнижи загуба од 23.781.000 денари.

“Заклучно со март 2015 година, остварен е позитивен финансиски резултат во износ од 508.000 денари, за разлика од истиот период минатата година, кога резултатот беше негативен и изнесуваше 23,8 милиони денари. Ова е резултат на помалото оштетување на нефинансиските средства“, стои во Освртот на финансискиот резултат.

Нето активата на банката заклучно со март оваа година е на ниво од 11,6 милиони денари, што е зголемување од 10,2%, во однос на истиот период лани. Обврските на банката во билансот на состојба бележат нето зголемување од 10,3%, што е резултат на порастот на депозитите на други комитенти, банки и обврски по кредити.

Нето каматните приходи се на ниво од 115,3 милиони денари, што е намалување во однос на истиот период лани, кога беа на ниво од 118,1 милиони денари.